Хавиер Занети во фудбалот ќе остане запаметен како голема легенда подготвен секогаш да се жртвува за неговиот Интер.
Како и најголем дел од светот Занети овие денови ги минува во изолација со неговото семејство. Занети со своето семејство дома се потсетува и гледа некои од најдобрите натпревари од сезоната 2009/2010 кога Интер освои тројна круна.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Во тој тим на Интер член беше и нашиот Горан Пандев.
Занети во изјавата опишувајќи што прави дома го спомена и нашиот капитен.
„Со моите деца го гледавме дербито со Милан. Во тој натпревар победивме со 2:0. Јас на моите деца им раскажував вниманателно: Гледајте што ќе направи Милито, а сега внимавајте на мајсторијата на Пандев…Следуваше прегратка и прослава. Сакам да ги научам моите деца на историјата на клубот“, раскажа Занети.