Дома Фудбал Италија Во договорот на Пиоли со Милан има посебна клазула според која може да добие отказ

Во договорот на Пиоли со Милан има посебна клазула според која може да добие отказ

Стефано Пиоли од вчера и официјално е тренер на Милан.

После салбиот старт на сезоната Марко Џампаоло доби отказ на клупата, а на негово место „росонерите“ го доведоа 53 годишниот Пиоли.


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Пиоли со Милан потпиша договор на две години вреден еден милион евра по сезона со дополнителни бонуси, но во неговиот договор има и откупна клазула според која може да биде сменет на крајот од сезоната.

Според клазулата договорот автоматски ќе му биде раскинат ако не заврши помеѓу најдобрите шест екипи во Италија и тоа единствената цел која ќе му биде поставена за оваа цел.

Секако и целта на Пиоли е да успее со тимот да се пласира во некое европско натпреварување.

„Дојдов со ентузијазам и страст. Убеден сум дека заедно можеме да направиме големи работи. Ги респектирам навивачите, но тие имаат право да ме критикуваат. Нивните критики се дополнителен мотив за мене. Во наредните 10 дена е важно да направам се и да ја искористам секоја прилика. Џампаоло е добар тренер, но е поинаков од мене“, изјави Пиоли на вчерашното претставување.

Претходно во кариерата Пиоли ги водеше Интер, Лацио, Фиорентина, Болоња…

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Постигнат договор: Поранешен соиграч на Меси ќе биде нов тренер на Интер Мајами

Интер Мајами повторно ќе има аргентински тренер. По заминувањето на Герардо Мартино клупат…