Дома Фудбал Останато Во договорот на Нејмар постои клазула и тој ништо не се прашува!

Во договорот на Нејмар постои клазула и тој ништо не се прашува!

neymar

Голема прашина во фудбалскиот свет крена повредата на Нејмар.

Нејмар во натпреварот против Марсеј заработи скршеница на коската на стапалото на десната нога. Првите најави беа дека Нејмар ќе отсуствува колку што е потребно и ќе направи операција што би значела подолга пауза со цел да биде максимално спремен за Светското првенство идното лето.


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Но, денес во медиумите се појави нова информација. Имено во договорот на Нејмар наводно постои клазула според која Бразилецот во случај на повреда мора да се лекува на начинот кој ќе го одреди клубот, односно ПСЖ.

По, оваа вест која ја пласираше бразилскиот „Фојла де Сао Паоло“ веројатно клупските лекари на ПСЖ ќе ја донесат одлуката за начинот за кој ќе биде лекуван најскапиот фудбалер во светот.

 

Според изјавата на таткото на Нејмар, Бразилецот без разлика каков ќе биде начинот на лекување секако ќе мора да паузира помеѓу шест до осум седмици.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Реал го сака бекот на Манчестер Јунајтед

Реал Мадрид е во потрага по десен бек кој ќе биде долгорочна замена за Картвахал и тоа ќе …