Дома Фудбал Англија Во Вест Хем повеќе немаат трпение: Пред Лопетеги поставен услов

Во Вест Хем повеќе немаат трпение: Пред Лопетеги поставен услов

Шпанскиот стратег Јулиен Лопетеги од почетокот на сезона не успеа да ја убеди јавноста дека е вистинскиот човек за Вест Хем, а викендов можеби е и клучниот натпревар за неговата иднина.

„Чеканите“ во рамките од 11 коло од најсилната англиска конкуренција ќе играат против Евертон в сабота од 16:00 часот и медиумите на Островот најавуваат дека од исходот на овој дуел ќе зависи работата на Лопетеги.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Победа му гарантира мир пред репрезентативната пауза, а од друга страна со пораз или нерешено Вест Хем веројатно токму во периодот кога ќе играат репрезентации ќе побара нов стратег за клупата.

По десет одиграни кола Вест Хем има само 11 бодови со кои се наоѓа на 14. позиција на табелата. Евертон од друга страна е 16. со девет бода.

Коментари
Прочитајте поврзани статии

Проверете

„Бомба“ од Мадрид: Перез донел одлука за Анчелоти!

Карло Анчелоти нема да остане на клупата на Реал Мадрид! Оваа вест ја пренесоа бројни мадр…