Досегашниот дефанзивец на Манчестер Јунајтед, Ван Бисака го напушти клубот од „Олд Трафорд“ и во иднина ќе го носи дресот на Вест Хем.
Дефанзивецот кој има 26 години со тимот на Вест Хем потпиша договор на седум години, а сумата засега не е објавена.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Пред Манчестер Јунајтед, Ван Бисака го носеше дресот на Кристал Палас и за него ова е враќање во Лондон, градот во кој го поминал и неговото детство. Токму поради тоа за него трансферот во Вест Хем е посебен.
„Не размислував многу кога пристигна понудата од Вест Хем. Возбуден сум и среќен што ќе играм тука. Неверојатно е чувството да се вратиш во Лондон. Јас сум роден тука и го знам секој дле од овој град кој одигра голема улога во мојот живот и ми значи што повторно ќе бидам тука. Со нетрпение чекам да излезам на теренот и да ги запознаам соиграчите“, изјави Ван Бисака.
Дресот на Манчестер Јунајтед, Ван Бисака го носеше од 2019 година и во овој период одигра 190 натпревари.