Според пишувањето на англиски „Сан“, Манчестер Сити е многу блиску до доведување на Тиаго Алмада, 17 годишниот Аргентинец на кого медиумите во неговата земја му дадоа епитет „новиот Меси“.
Алмада во петок полни 18 години и има стандарден првотимски статус во Велез, тим кој се наоѓа на шестата позиција во аргентинското првенство. Колку Пеп Гвардиола сака да го види во своите редови најдобро зборува податокот дека за него се спремни да издвојат околу 23 милиони евра.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Една од работите кои може да му направи проблем на Сити при овој трансфер е можната забарана за трансфери од страна на ФИФА, во тој случај Алмада би можел некое време да игра партнерскиот клуб на Сити, шпанска Гирона.
Овој 17 годишник во овој момент го носи епитетот најголем аргентински талент, а го нарекуваат и „новиот Меси“ бидејќи со неговиот стил на игра потсетува на ѕвездата на Барселона.
Ќе потсетиме, Гвардиола најголемите успеси ги оствари кога ја водеше Барселона во која заедно со Меси освои се што можеше да се освои. После заминувањето од каталонскиот клуб, Гвардиола не успеа да игра ниту финале во најелитното европско натпреварување, а неговите критичари ќе кажат дека тоа така затоа што го нема Меси во тимот.
Manchester City are willing to spend a remarkable £20 million to sign Velez Sarsfield wonderkid Thiago Almada (18).
City are so desperate to sign Almada, they could transfer him to partner club Girona, before resolving their problems with FIFA.
[@reluctantnicko] pic.twitter.com/2Gqa81DG8q
— City Xtra (@City_Xtra) April 21, 2019
https://www.youtube.com/watch?v=eaMfTpQK8F0