Дома Македонски спорт Мак фудбал ВМФЛ – Исток: Слога Виница на незгодно гостување кај Беласица, Победа е голем фаворит со Градско

ВМФЛ – Исток: Слога Виница на незгодно гостување кај Беласица, Победа е голем фаворит со Градско

Како и на Западот, денес се играат натпревари и во  ВМФЛ – Исток.

Лидерот Слога Виница ќе гостува на Беласица која е четвртопласирана, но не знае за пораз во претходните пет натпревари и сигурно нема да им биде лесно гостите од Виница во Струмица.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Второпласираната Победа е голем фаворит против последнопласираниот тим на Локомотив Градско. Градско освои само шест бода во досегашните 14 натпревари и се освен победа на прилепчани денес ќе биде изненадување.

Каменица Саса која е веднаш зад победа ќе се сретне со Кит-Го Пехчево на гостистински терен. Саса ќе биде фаворит, но домаќинот досега покажал дека знае да биде незгоден противник, па може да се очекува еден неизвесен дуел.

Во останатите две средби, Детонит е домаќин на Осогово, Кожува го пречекува Братсво. На врвот на табелата на Истокот е неизвесно Слога Виница има 32, Победа 29, Каменица Саса 28, Беласица 25…

Фото: ФК Слога Виница

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Манчестер Јунајтед и Борнмут приредија спектакуларно шоу со осум гола на “Олд Трафорд”

Манчестер Јунајтед и Борнмут одиграа возбудлив натпревар, кој беше завршен како последен м…