Дома Фудбал Италија Влаховиќ на врвот: Ова се најплатените фудбалери во Серија А

Влаховиќ на врвот: Ова се најплатените фудбалери во Серија А

Српскиот фудбалер од редовите на Јувентус, Душан Влаховиќ е најплатениот во Серија А за сезоната 2024/2025 објави магазинот „Calcio e Finanza“ кој најчесто излегува со точни и конкретни бројки за заработката на фудбалерите.

На врвот Влаховиќ е со плата од 12 милиони евра нето, па така со сите придонеси Јувентус за голгетерот на Србија троши вкупно 18.9 милиони евра.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Виктор Осимен кој се пресели на позајмица во Галатасарај беше втор на листата, па по неговото заминување тука е Лаутаро Мартинез. Аргентинецот и капитен на Интер добива девет милиони евра како фиксна плата, плус уште два милиони преку одредени бонуси.

Паоло Дибала кој одби 25 милоони евра по сезона во Саудиска Арабија е трет најплатен во Италија со седум милиони евра. Зад Аргентинецот на листата се Маркус Турам и Хакан Чалханоглу. Двајцата добиваат по 6.5 милиони евра, колку што ќе изнесува и платата на Ромелу Лукаку кој неодамна пристигна во Наполи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Предизвика хаос на „Ел Класико“, сега се теши покрај убавица: Стигна потврда која е новата девојка на Винисиус (Фото)

Телевизиската водителка и инфлуенсерка Вирџинија Фонсека (26) сподели на Инстаграм серија …