Душан Влаховиќ одлично ја започна авантурата во Јувентус.
Влаховиќ дебитираше за „Старата дама“ против Верона во изминатиот викенд и после само 13 минути го постигна првиот гол за новиот клуб.
Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
Низ италијанските медиуми се објавува и интересна изјава на Влаховиќ по овој натпревар и таа се однесува на распределбата на пари.
„До моите 18 години родителите ги добиваа сите пари кои ги заработував. Сметам дека тоа треба да така да биде. Се би им дал на нив затоа што го заслужуваат најдоброто. Мене секогаш ми било доволно само да имам за гардероба и да одам на море“, изјави Влаховиќ.
Влаховиќ во овој момент е изедначен на врвот на листата стрелци со Имобиле, двајцата имаат по 18 голови.