Човекот кој донесе многу за македонската кошарка и кој најмногу ќе се памети по историската тројка против Литванија на Европското првенство, Владо Илиевски и официјално ја потврди иницијативата за одржување на вондредна седница.
Да потсетиме, на минатото собрание кое беше одржано во последните денови од минатата година Наумоски успеа да се задржи на функцијата со тврдењето дека нема законски доказ дека МКФ може да функционира без претседател.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Во тие моменти тој побара од противкандидатите да соберат потписи и да ги достават до федерацијата.
Илиевски денес токму тоа и го направи. Тој на својот Фејсбук профил објави фотографија од пред канцелариите на МКФ под која потврди дека потребните потписи се собрани и дека иницијативата е поднесена.
Според правилата Наумоски сега е должен најмногу за 15 дена да повика вонреден состанок.