Дома Македонски спорт Мак фудбал Владата побара да запре изградбата на стадионот во Тетово, градоначалникот Касами одбива!

Владата побара да запре изградбата на стадионот во Тетово, градоначалникот Касами одбива!

На вчерашната седница Владата донесе одлука да се запре изградбата на стадионот во Тетово поради сомнежи за неправилности, сепак од градоначалникот Биљал Касами дочекаа спротивен став.

Владата побара да се разгледаат правните насоки за покренување кривична пријава до надлежните поради незаконитости при изградбата.


Второ коло во ЛШ: Најголемото дерби се игра во Лондон! ↓↓↓


„Владата, во разгледувањето, ја имаше предвид иницијативата до Уставниот суд, за оценување на уставноста и законитоста на постапките поврзани со Стадионот, а каде е посочено дека Новиот фудбалски стадион, со владина одлука во 2015 година, е даден на трајно користење, без надомест на Општина Тетово. Општината, како што е наведено, без законски основ, го дала Стадионот на трајно користење на ЈП „Тетово транспорт“.

Дури, градоначалникот на Општина Тетово, Општина Тетово и ЈП „Тетово транспорт“, на јавен настан промовирале проект за рушење и изградба нов градски стадион. Влада при носењето на заклучоците на денешната седница ги зеде предвид и одредбите на Законот за користење и располагање со стварите во државна сопственост и со стварите во општинска сопственост, според коишто, надлежност да дава на трајно користење и да утврдува престанок на корисничко право, има само Владата на Република Северна Македонија.

Заклучено е, Генералниот секретаријат на Владата да подготви комплетна информација во врска со статусот на објектот Нов фудбалски стадион – Тетово, КП бр. 11476. Во меѓувреме, да се испрати укажување до Општина Тетово, да се прекине со работите на теренот, додека нема правна разврска на случајот. Исто така, Владата одлучи да се обрати со препорака до Уставниот суд, да ја земе предвид итноста на овој случај и да се произнесе во врска со поднесената Иницијатива за оценување на уставноста и законитоста на постапувањето во него. Владата заклучи и да се разгледаат правни основи, согласно Кривичниот законик, за покренување соодветна пријава до надлежните органи, во врска со овој случај“, стои во соопштението.

Касами од друга страна нема намера да прекинува со изградбата.

„Овој пат носејќи одлука за стопирање на работите на стадионот на град Тетово. Уште еднаш докажавте кој сте, докажавте дека само зло и направивте на оваа држава!

Вашите денови се избројани, со вакви одлуки не не спречувате да работиме за нашите граѓани. Стадионот ќе се гради, и да не ви се допаѓа. Тетово и сите градови во државата ќе се градат и развиваат како што заслужуваат“, напиша Касами.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Реал почна преговори со ѕвездата на Ливерпул

Реал Мадрид веќе почнал преговори со десниот бек на Ливерпул, Тренд Алексадер Арнолд, прен…