Младата ѕвезда на Реал Мадрид, Винисиус Жуниор призна дека би сакал еден ден да игра во ист тим со Нејмар.
Веќе подолго време медиумите во Шпанија шпекулираат дека Реал ќе се обиде да го донесе Нејмар на лето, па Винисиус би сакал да игра заедно со својот идол.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
„Би сакал да играм заедно со Нејмар, тој е мој идол. Тој е човекот чија игра ја гледав како дете. Го следев внимателно откако почна да игра за Сантос. Му се восхитувам на неговите квалитети и тој го знае тоа“, изјави Винисиус.
18-годишниот Винисиус оваа сезона има 18 меча за Реал Мадрид во сите натпреварувања на кои постигна 2 гола и запиша 9 асистенции.
https://youtu.be/8rJsqVvsrMQ