Англиските медиуми пренесуваат дека Вилијан може да направи изненадувачки трансфер во Тотенхем.
Договорот на Бразилецот со Челзи истекува ова лето и Вилијан ќе го напушти „Стенфорд Бриџ“ како слободен агент.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
За неговиот потис се заинтересирани многу европски клубови, но 31-годишниот Бразилец преферира да остане во Премиер лигата.
Англиските медиуми пренесуваат дека Вилијан веќе започнал преговори со Тотенхем, кој е спремен да му понуди 3-годишен договор и да ги задоволи неговите финансиски барања.
Познато е дека Мурињо е голем симпатизер на играта на Бразилецот и смета дека ќе биде големо засилување за неговиот тим.