Дома Фудбал Италија Виздом Амеј стана најмладиот фудбалер кој заиграл во Серија А

Виздом Амеј стана најмладиот фудбалер кој заиграл во Серија А

Вчера во Серија А се играа натпревари од 36. коло, а на еден од тие дуели беше испиша и историја.

Станува збор за натпреварот помеѓу Болоња и Џенова кој заврши со победа на Џенова од 0:2. Но, не е резултатот по тоа што ќе се памети овој натпревар. Во составот на домаќините настапи најмладиот играч во историјата на италијанската Серија А.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Во 89. минута од натпреварот Синиша Михајловиќ на теренот го пушти Виздом Амеј на местото на Роберто Соријано. Така Амеј со 15 години и 274 дена стана најмладиот играч кој заиграл во Серија А.

Претходно рекордот го држеа Амедео Амадеи (Рома 1937) и Пјетро Пелегри (Џенова 2016) кој кога настапија во Серија А беа шест дена постари од Амеј.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Луис Дијаз ги разлути навивачите на Ливерпул

Додека речиси целиот состав на Ливерпул беше на погребот на Диого Жота, имаше неколку фудб…