Дома Видео Видете како Рамос повторно го спаси Реал

Видете како Рамос повторно го спаси Реал

Ако Реал Мадрид сезонава ја освои Ла Лига, најзаслужен за тоа сигурно ќе биде стоперот Рамос. Откако во минатото коло му донесе бод на Реал во Ел Класико со гол со глава во последните мигови од мечот, шпанскиот дефанзивец го повтори истото, овојпат против Депортиво за 3:2.

Серхио Рамос како да се специјализира за решавачки голови во последните мигови. Прво му донесе трофеј во ЛШ во 2014, откако постигна израмнувачки гол против Атлетико во последните мигови од мечот, а сега за само две недели постигна два клучни гола за неговиот Реал во трката за Ла Лига. Минатото коло не и дозволи на Барселона да се приближи на минус три во Ел Класико, а ова коло го повтори истото откако против Депортиво стрелаше прецизно со глава во последните мигови од мечот.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Погледнете ги најинтересните моменти од мечот:

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Видео

Проверете

Јамал не е единствениот: Фатима го привлече вниманието и на ѕвезда на Реал Мадрид

Фатима Васкез (29) преку ноќ стана светски позната откако беше забележано дека летниот одм…