Дома Останати Кошарка Видео: Јута оди во плеј-офот, Голден Стејт славеше над Феникс – најлошиот тим за оваа сезона

Видео: Јута оди во плеј-офот, Голден Стејт славеше над Феникс – најлошиот тим за оваа сезона

Изминатата вечер во НБА лигата беа одиграни три натпревари.

Кошаркарите на Феникс Санс загубија од Голден Стејт со резултат 117:110 и така го обезбедија најлошиот скор за оваа сезона во НБА, па ќе добијат најмногу шанси за првата позиција на НБА драфтот кој ќе биде организиран во јуни.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


После поразот од Голден Стејт, Феникс има скор од 20 победи и 61 пораз и до крајот ниту една екипа нема шанси да забележи повеќе порази од нив.

Најлошиот резултат на крајот на една НБА сезоната значи дека тимот кој ќе го има добива најмногу топчиња на НБА драфтот лотаријата, па со самото тоа и најмногу шанси да стигне до првиот пик на драфтот и да го избере најталентираниот играч кој ќе се појави на драфтот.

На оваа средба најефикасен играч на мечот беше Клеј Томпсон кој уфрли 34 поени, Дурант стигна до учинок од 17 поени, девет асистенции и четири скокови. Во редовите на Феникс најефикасен беше Хус со 22 поени, три асистенции и осум скокови.

Торнто забележа победа над Орландо од 112:101, додека Јута славеше на гостински терен против Лејкерси 97:112 и така го обезбеди своето место во плеј-офот.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

На Лејкерс не им помогна ниту фантастичниот Дончиќ – доживеаа катастрофа во првиот натпревар против Минесота! (Видео)

Кошаркарите на ЛА Лејкерс со пораз дома од Минесота го започнаа овојогодишниот НБА плеј-оф…