Синоќа во САД се одиграа пријателски натпревари помеѓу најтрофејните шпански и италијански клубови. Реал Мадрид беше подобар од Јувентус, Милан ја победи Барселона.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Реал лошо го отвори натпреварот против Јувентус, откако Карвахал во 12-та минута си постигна автогол, но Бејл со фантастичен гол го израмни резултатот неколку минути подоцна.
„Кралевите“ поведоа веќе на стартот на вториот дел, Винисисус го проигра Асенсио кој рутински реализираше за 2-1. Истиот играч ги постави конечните 3:1 во 56-та минута.
Милан со минимални 1-0 беше подобар од Барселона, а единствениот гол за „росонерите“ го постигна Андре Силва во третата минута од судиското продолжение.