Дома Фудбал Италија Видео: Јувентус броеше до шест, хет-трик на Кедира!

Видео: Јувентус броеше до шест, хет-трик на Кедира!

Италијанскиот шампион Јувентус се врати на победите и со високи 6:2 славеше на гостувањето кај Удинезе.

Меѓутоа мечот не започна на најдобар начин за „старата дама“ бидејќи Удинезе поведе со голот на Перица. После неколку минути Самир си постигна автогол, а Кедира донесе комплетен пресврт.

Кој ќе победи во Beer Pong - Лига на Шампиони


И кога се чинеше дека Јуве ја има контролата Манџукиќ влезе во вербален дуел со Али Аднан и судијата Довери му покажа два жолти картони во неполна минута.

На почетокот на второто полувеме Данило израмни на 2:2, а потоа на сцена стапија „бјанконерите“. Најпрво Ругани донесе предност, а потоа Кедира постигна уште два гола. Конечните 2:6 ги постави Пјаниќ во послдната минута.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Мурињо само што седна на клупата на Бенфика, а веќе размислува за следната работа

Жозе Мурињо се врати во Бенфика по 25 години и вчера го одбележа враќањето со победа. Пото…