Дома Фудбал Италија ВИДЕО: Јувентус без грешка во Серија А, Роналдо и Бентакур обезбедија нов бодови за „старата дама“

ВИДЕО: Јувентус без грешка во Серија А, Роналдо и Бентакур обезбедија нов бодови за „старата дама“

Тимот на Јувентус денес го одигра натпреварот од осмото коло во италијанската Серија А и запиша нова победа.

„Старата дама“ изгледа незапирливо во походот кон нова титула во италијанската Серија А, денес со 0:2 на гостински терен беше совладан тимот на Удинезе.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


До предност Јувентус стигна во 33-тата минута кога Португалецот Кансело испрати одличен центар шут од десната страна, а Родриго Бентакур беше на вистинското место со глава да ја смести топката во мрежата на домаќините.

Само четири минути подоцна видовме нов гол во мрежата на Удинезе.

Овој пат во режија на врската Манџукиќ – Роналдо. Хрватот одигра одлична повратна топка за Роналдо кој со силен удар ја затресе мрежата на Скуфе.

Во вториот дел следуваше нешто помирна игра на „старата дама“ која знаеше како да ја зачува предност стекната во првиот дел.

Со оваа победа Јувнетус стигна до учинок од осум победи во исто толку натпревари во Серија А.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Таткото на Јамал се огласи по контроверзните скандирања, испрати моќна порака!

Фудбалската јавност беше шокирана од случувањата на натпреварот помеѓу Шпанија и Египет, к…