Српскиот тенисер, Новак Ѓоковиќ вчера во првото коло од Роланд Гарос го победи Бразилеот Рожерио Дутра да Силва.
Ѓоковиќ одигра рутински натпревар кој му обезбеди пласман во вториот круг, но „Еуроспорт“ пишува дека многу лесно вчера можеше да биде дисквалификуван.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Имено, тој во еден момент од третиот сет се изнервира по еден поен и топката со рекетот ја удри кон столот каде што седеше тенисерот. Како што пренесува споменатиот извор, со топката да удреше некого, Новак би бил дисквалификуван.
Иако публиката го исвирка Ѓоковиќ, сепак српскиот тенисер се извини и на крајот се заврши добро. Потсетуваме, Ноле утре во второто коло ќе игра против Шпанецот Мунар.