Дома Фудбал Англија Видео: Челзи рутински, Арсенал ја прекина серијата без пораз

Видео: Челзи рутински, Арсенал ја прекина серијата без пораз

Саутемптон ја прекина серијата на Арсенал од 22 меча без пораз и ги победи „топџиите“ со 3:2. Челзи рутински го совлада Брајтон.

Саутемптон и Арсенал одиграа исклучително возбудлив натпревар на „Сент Мери“ стадионот. Домаќините после 20 минути игра стигнаа до предност со голот на Ингс. Сепак, само осум минути подоцна следуваше одговор на „топџиите“ преку Михтарјан.


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


Истите актери повторно стапија на сцена. Најпрво Ингс во 44-та минута, а Михтарјан повторно израмни во 63-та минута. Сепак, на пет минути пред крајот Чарли Остин погоди за голема победа на Саутемптон.

Челзи рутински стигна до трите бода на гостувањето кај Брајтон. Во првото полувреме за „сините“ погодија Педро и Азар, а во 66-та минута Марч ги постави конечните 1:2.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Фудбалерите на Атлетико ги поздравија навивачите кои го предизвикаа прекинот, остатокот од стадионот збесна 🎥

Фудбалерите на Атлетико Мадрид во вчерашното дерби налутија голем дел од своите фанови кои…