Дома Останати Кошарка Видео: Харден го предводеше Хјустон до нова победа, Вестбрук и Оклахома пред елиминација

Видео: Харден го предводеше Хјустон до нова победа, Вестбрук и Оклахома пред елиминација

Изминатата ноќ во плеј-офот од НБА беа одиграни два натпревари.

Оклахома која важеше за еден од фаворитите зе конференциско финале, веќе е чекор од елиминација. Јута на свој паркет успеа да слави победа од 113:96 и така да поведе со 3:1 во серијата.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Гостите само во првото полувреме беа рамноправен противник на разиграните кошаркари на Јута кои во продолжение беа фантастични. Роки Донован Мичел со 33 поени, седум скокови и четири асистенции беше предводник на Јута до важната победа. Со тоа тој стана првиот „новајлија“ кој постигнал повеќе од 30 поени во доигрувањето уште од 2010 година.

На Оклахома не и помогнаа ниту 34 поени на Пол Џорџ, како и 23 на Расел Вестбрук.

Хјустон полесно од очекувањата помина на гостувањето во Минесота каде што минатиот пат беше поразен. Рокетси славеа со 119:100, па сега имаат предност од 3:1 во серијата.

Џејмс Харден беше најефикасен со 36 поени, Крис Пол додаде 11 помалку, додека кај Минесота најрасположен беше Карл Антони Тоунс кој стигна до дабл-дабл од 22 поени и 15 скокови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Вакво нешто не се памети: Ова е најлошиот настап во еден НБА плеј-оф!

Кошаркарот на Милвоки Бакс, Кајл Кузма, го запиша официјално најлошиот настап во историјат…