Дома Фудбал Италија Видео: Серија А има нов лидер Наполи не згреши Торино прегазен за едно полувреме

Видео: Серија А има нов лидер Наполи не згреши Торино прегазен за едно полувреме

Екипата на Наполи го искористи киксот на Интер против Удинезе (1:3) и со денешната победата против Торино (1:3) стигна до лидерската позиција во Серија А.

Избраниците на Сари веројатно беа мотивирани од помислата дека со победа тие ќе бидат новиот лидер на табелата, па уште во четвртата минута го отворија резултат против „биковите“.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Дваесетина минути подоцна Пјотр Зиелнски погодува за веќе 0:2, а за убедливи 0:3 на полувремето се погрижи Марек Хамшик со својот гол пет минути подоцна.

По фантастичното прво полувреме Наполи како да застана во вториот дел. Но, Торино успеа да постигне само еден погодок преку Андреа Белоти за конечни 1:3.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Баерн официјално објави дека ќе се раздели со португалскиот репрезентативец летово

Баерн Минхен официјално соопшти дека Рафаел Гереиro ќе го напушти клубот летово. 32-годишн…