Дома Фудбал Италија Видео: Сасуоло извлече бод во Рим, Беневенто конечно до победа!

Видео: Сасуоло извлече бод во Рим, Беневенто конечно до победа!

Денес со почеток во 15:00 часот се одигра шест натпревари во рамките од 19 коло во италијанската Серија А.

„Волчицата“ од Рим одигра 1:1 на свој терен во натпреварот против Сасуоло.

Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓


Се играше 31 минута од натпреварот кога Един Џеко кој беше свртен со грб додаде до 21 годишниот Лоренцо Пелегрини кој ја смести топката во мрежата на гостите. До крајот на полувремето тоа беше и единствениот погодок.

Во вториот дел работите не се променија многу, Рома ја имаше во свој посед, но и Сасуоло знаеше да се закани, а една таква успеаа да искористат во 78 минута од средбата. Федерико Пелусо уфрли од левата страна, а Мисироли со одличен удар со глава го совлада голманот на „волчицата“ за конечни 1:1.

Во останатите натпревари Каљари ја совлада Аталанта со 1:2, Беневенто ја забележа првата победа против Киево со 1:0, Болоња со 1:2 беше поразена на свој терен од Удинезе, Сампдорија со 2:0 беше подобра од СПАЛ, додека Торино и Џенова ремизираа 0:0 .

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Дечињата кои излегуваа со фудбалерите на Србија покажуваа „двоглав орел“ (Видео)

Албанија и Србија одиграа нерешено без голови во Тирана. Еден од најризичните натпревари в…