Дома Фудбал Лига на шампиони Видео: Рома и Сити рутински, Јуве го сруши Јунајтед, Реал конечно победи!

Видео: Рома и Сити рутински, Јуве го сруши Јунајтед, Реал конечно победи!

Јувентус оствари голема победа на гостувањето кај Манчестер Јунајтед, Реал Мадрид конечно победи, Рома и Сити рутински до три бода.

Јувентус го доби дербито со Манчестер Јунајтед и заслужено освои три бода. „Старата дама“ рано дојде до водство со голот на Дибала во 17-та минута, гол кој на крајот се покажа како клучен.


Второ коло во ЛШ: Најголемото дерби се игра во Лондон! ↓↓↓


Италијанскиот шампион во текот на целиот меч беше подобар противник и победата можеше да биде изразена со повеќе голови разлика.

Реал Мадрид ја победи Викторија Плзен со 2:1 со головите на Бензема и Марсело, а во истата група Рома лесно со 3:0 ја победи ЦСКА Москва.

Тимот на Гвардиола со високи 3:0 победи на гостувањето кај Шахтјор, а во истата група Лион и Хофенхајм ги поделија бодовите во голеада со шест гола (3:3).

Ајакс во судиското продолжение успеа да стигне до голема победа пртив Бенфика со голот на Мазрау.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Фаворитите рутински, Арсенал го доби ПСЖ, Милан падна во Левекузен

Исклучително возбудлива и ефикасна ноќ во Лигата на шампиони каде стрелците беа расположен…