Дома Фудбал Видео: Реал се прости од Купот!

Видео: Реал се прости од Купот!

Селта и Атлетико Мадрид му се приклучија на Алавес во полуфиналето во Купот на Кралот. Реал Мадрид одигра 2:2 против Селта и го завршија своето учество во Купот за оваа сезона.

Реал се обиде, во Виго, да го надомести загубеното во првиот меч, но домаќинот успеа да го издржи силниот притисок на гостинот. Роналдо можеби ја имаше шансата на мечот во 26.минута, кога резултатот беше 0:0, но во иста акција два пати ја погодуваше рамката на голот.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Селта прва постигна гол и тоа во самиот финиш на полувремето, кога Данило помалку несмасно си постигна авто-гол. Реал израмни во вториот дел со голот на Роналдо од слободен удар. Потоа предноста на Селта и ја врати Вас во 85-та минута, а Лукас Васкез во последната минута ги постави конечните 2:2.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Шкендија губи во Разград: Лудогорец за само 10 минути ја проби мрежата на македонскиот шампион (Видео)

Лудогорец рано стигна до предност против Шкендија во плеј-офот од Лигата на Европа, поведу…