Дома Фудбал Останато Видео: ПСЖ и без Нејмар подобар од Марсеј, Ди Марија двоен стрелец, погоди и Кавани

Видео: ПСЖ и без Нејмар подобар од Марсеј, Ди Марија двоен стрелец, погоди и Кавани

Eкипата на Пари Сен Жермен без поголеми проблеми се пласираше во полуфиналето на францускиот куп.

„Светците“ и без повредениот Нејмар успеаа да стигнат до сигурна победа од 3:0. Играч на мечот кај домаќинот за оваа средба беше Анхел Ди Марија кој беше стрелец на два погодоци.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Ди Марија првиот погодок го постигна во судиското продолжение од првиот дел со одличен удар надвор од шеснаесетникот.

На самиот старт од првиот дел, после само три минути игра Аргентинецот стигна и до вториот гол на натпреварот, овој пат по додавањето од Берчиче. Точка на натпреварот стави Едисон Кавани по одличната акција на клубот од Париз на десетина минути пред крајот на средбата.



Претходно пласман во полуфиналето обезбеди третолигашот Чамблу кој го совлада Стразбур со 1:0. Победничкиот гол за третолигашот беше Ласана Дакур во 83 минута.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Човекот од 100 милиони му кажа „не“ на Реал Мадрид: Би било глупаво да го направам тоа

Реал Мадрид остана без планираното засилување за летниот преоден рок. Португалецот Витиња …