Конор Мекгрегор изминатиот викенд беше поразен во октагон од Кабиб Нурмагомедов.
Главната ѕвезда на октагон ја предаде борбата против Дагестанецот кој го „загуши“ во четвртата рунда.
Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст
Конор се обидуваше на сите начини да дојде до победата, па во борбата со Нурмагомедов се послужи со неколку недозволени потези кои судијата Херб Дин ги толерираше.
Ирецот имаше неколку недозволени фаќања за шорцот, го удираше со отворена рака, а ударот кој привлече најмногу внимание оној со колено во глава, додека Кабиб го држеше на земја.