Дома Фудбал Останато ВИДЕО: Навивачи на Фејенорд во дербито против ПСВ спасија гол!

ВИДЕО: Навивачи на Фејенорд во дербито против ПСВ спасија гол!

Вчера Фејенорд во дербито на 14-тото коло на холандскиот шампион на свој терен го совлада големиот ривал ПСВ.

На тој начин беше прекината серијата од 13 победи во низа на ПСВ, Фејенорд славеше со резултат 2:1.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Сепак, многу контроверзии предизвика потегот на еден домашен навивач. Фејенорд имаше водство од 2:0 се до 72-та минута кога Бергвин намали на 2:1, а гостите во 75-тата минута имаа голема шанса да стигнат до изедначување.

Првиот обид на фудбалерот на ПСВ голманот на домаќините го одбрани, но и понатаму постоеше голема опасност по голот на Фејенорд. Еден фудбалер на ПСВ натрчуваше на топката, а потоа еден од навивачите на домаќинот фрли топка на теренот.

Бидејќи на теренот се најдоа две топки судијата беше приморан да ја прекине акцијата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Трилер завршница, Јунајтед испушти победа во последна минута

Лион и Манчестер Јунајтед одиграа исклучително возбудлив натпревар кој на крајот заврши бе…