Дома Фудбал Англија ВИДЕО: Манчестер Јунајтед убедлив против Фулам, Тореира со „ножички“ обезбеди победа на Арсенал!

ВИДЕО: Манчестер Јунајтед убедлив против Фулам, Тореира со „ножички“ обезбеди победа на Арсенал!

Во рамките од 16-тото коло во Премиер лигата во терминот од 16:00 часот беа одиграни пет натпревари.

Најубедливата победа ја запиша Манчестер Јунајтед кој го декласираше последнопласираниот Фулам со 4:1.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Јунајтед до водство стигна со мајсторскиот гол на Ешли Јанг во 28-та минута од средбата. Не се чекаше многу и за втор гол кој беше дело на Хуан Мата.

Во финишот од полувремето Ромелу Лукаку конечно успеа да го скрши „малерот“ и да постигне гол на „Олд Трафорд“ после подолго време за убедливи 3:0.

Фулам мала надеж доби во 67-та минута кога Камара постигне гол од пенал. Сепак, само една минута подоцна Замбо Андре-Франк го заработи вториот жолт картон на натпреварот. Конечните 4:1 ги постави Маркус Рашфорд на осум минути пред истекот на регуларните 90.





Арсенал ја продолжи низата на непобедливост, но до победата против Хандерсфилд дојде потешко од очекувањата. Херој на „топџиите“ беше Тореира во 83-тата минута од средбата.

Во останатите натпревари Вест Хем со 3:2 славеше против Кристал Палас, Барли со 1:0 го победи Брајтон, а со истиот резултат триумф запиша и Кардиф против Саутемптон.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Манчестер Сити ја победи Вила со гол во 94. минута, Гвардиола се радуваше како да освоил титула (ВИДЕО)

Манчестер Сити оствари важна домашна победа од 2-1 против Астон Вила во првиот натпревар о…