Фудбалерите на Интер се вратија на врвот во италијанскиот шампионат со рутинска домашна победа од 2:0 (1:0) против Фросиноне во последниот натпревар од 12. коло.
Интер поведе со одличниот гол на Федрик Димарко (43) од повеќе од 40 метри кон крајот на првото полувреме, а победата ја потврди Хакан Чалханоглу од пенал на почетокот на второто половина.
Се за новиот формат во Лигата на Шампиони! ↓↓↓
За голот на Димарко ќе се зборува некое време. Италијанецот ја прими топката на својата половина покрај аут-линијата и со неа втрча во противничката половина.
Очигледно во тој момент виде дека голманот на Фросиноне излегол многу високо и упати добро одмерен удар со кој погоди го лобуваше и брилијантно погоди за 1:0 и тотален делириум на коментаторите на натпреварот.
Погледнете го голот и слушнете ја реакцијата на коментаторот ТУКА.