Македонскиот интернационалец, Егзијан Алиоски ја започна својата авантура во англискиот клуб Лидс Јунајтед.
Алиоски и Лидс со победа против Болтон на гостински терен од 2:3 ја отворија сезоната во Чемпиошип, Алиоски не успеа да постигне погодок, но затоа запиша интересна аситенција со глава при постигнувањето на вториот гол за неговиот тим.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Лидс натпреварот го започна убедливо и на полувреме замина со предност од 1:3, но домаќините во вториот дел успеаа да намалат и да ги постават конечните 2:3.
Освен асистенцијата, Алиоски добрата игра од припремните натпревари ја пренесе и во оваа средба, па со право можеме да очекува одлична сезона на македонскиот интернационалец.