Дома Останати Кошарка НБА Видео: Крај на серијата на Хјустон дербито за Торонто, шампионот поразен, Харден и Дурант „фатија“ 40-ка, Јокиќ одличен

Видео: Крај на серијата на Хјустон дербито за Торонто, шампионот поразен, Харден и Дурант „фатија“ 40-ка, Јокиќ одличен

Изминатата вечер во НБА лигата беа одиграни 10 натпревари.

Во дербито на вечерта кошаркарите на Торонто славеа на домашен терен против Хјустон и така ја прекинаа серијата на овој клуб од 17 натпреври без пораз.


Се за новиот формат во Лигата на Шампиони! ↓↓↓


Натпреварот помеѓу двете првопласирани екипи во двете конференции донесе очекувана неизвесност, но дури во самиот финиш.

Домаќините доминираа од самиот старт и после втората четвртина имаа голема предност од 21 поени (37:16). Кон средината на третата четвртина Торонто водеше со 76:59, но од тој момент Хјустон заигра значително подобро и во последните 12 минути влезе со едноцифрен минус 83:75.

Во последната четвртина успеаа да стигнат и до изедначување 102:102. Сепак, домаќинот во финишот од натпреварот успеа да ја зачува прибрабост и дојде до победа од 108:105.

На Хјустон не му помогнаа ниту 40 поени на Џејмс Харден, зад него следуваа Крис Пол и Ерик Гордон со по 14. Во победничкиот тим Кајл Лаури постигна 30 поени и додаде шест асистении, Демар Дерозан уфрли 23 поени и седум пати асистираше, додека Јонас Валанчиунас стигна до дабл-дабл учинок (14 поени, 10 скокови).

Денвер славеше победа 0д 125:116 против Лејкерси, одличен во победата на домаќинот беше Никола Јокиќ.

Јокиќ за 32 минути поминати на паркетот уфрли 21 поени и додаде по шест асистенции и шест скокови, покрај тоа имаше и две украдени топки. Ист број на поени во неговиот тим имаше и Пол Милисап, додека еден повеќе постигна Џамал Мареј, со осум асистенции, Гери Харис натпреварот го заврши со 19 поени.

Кај Лејкерси центарот Брук Лопез беше најефикасен со 29 поени и пет скокови, 18 уфрли Џулис Рендл, а еден помалку Колдвел Поп, додека Лонзо Бол натпреварот го заврши со 15 поени, осум асистенции и исто толку скокови, како и четири украдени топки.

Хрватот Богдан Богдановиќ беше одлилен во победата на Индијана против Атланта (112:87). Бојан Богдановиќ со 21 поени беше најефикасен поединец, а зад него следуваа Кори Џоферс (18 поени, седум скокови), Мајл Тарнер, (17 поени, скокови)  Виктор Оладипо (17) и Дарен Колинсон (17).

Портланд на свој терен успеа да го сруши шампионот Голден Стејт (125:108).

Тимот на Портланд до победа го предводеа Си Џејс Меколум со 30 поени и Демијан Лилард со 28 поени кој имаше и осум асистенции. Еван Тернер и Зек Колинс уфрлија по 12, додека Ед Дејвис стигна до дабл-дабл од 10 поени и 15 дкокови.

На Вориорси не им помогна ниту одличниот настап на Кевин Дурант со 40 поени, шест скокови и шест асистенции. Во нивните редови и тоа како се почуствува отсуството на Стеф Кари. Покрај Дурант, Клеј Томпсон уфрли 25 поени, а двоцифрен број на поени постигна утше Џавал Мекги со 10 поени.

Леброн Џејмс во поразот на Кливленд против Клиперси (116:102) уфрли 25 поени, додаде шест асистенции и запиша 10 скокови.

НБА резултати:

Детроит – Чикаго 99:83

Индијана – Атланта 112:87

Торонто – Хјустон 108:105

Мемфис – Јута 78:95

Милвоки – Њујорк Никси 120:112

Њу Орлеанс – Вашингтон 97:116

Денвер – Лос Анџелес Лејкерси 125:116

Портланд – Голден Стејт 125:108

Сакраменто – Орландо 94:88

Лос Анџелес Клиперси – Кливленд 116:102

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Толку од НБА: Српскиот џин по девет години се враќа во Европа?

Според последните информации, Бобан Марјановиќ е на добар пат по девет години да си замине…