Екипата на Милан во вчерашниот натпревар против Олимпијакос имаше поволен резултат се до 70-тата минута од натпреварот, но во следните 20 минута ја изгубија поволната позиција и го завршија настапот во Лигата на Европа уште во групната фаза.
Џенаро Гатузо после натпреварот порача дека не бил задоволен од некои одлуки на судиите, но додаде и дека за вакво нешто нема никакво оправдување.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Милан во натпреварот против грчкиот претставник беше целосно отсечен и изгледаше како тим без идеја. Колку фудбалерите на Милан вчера „не беа“ на натпреварот покажува еден комичен конрнер кој служи за потсмев на социјалните мрежи.
Una delle cose più stupide che abbia mai visto su un campo di calcio.#OlympiacosMilan pic.twitter.com/mpvx8sWJWW
— Valerio Nicastro (@valerionicastro) December 13, 2018