Дома Фудбал Англија ВИДЕО: Клоп на навивачите им ја покажа камерата и им кажа дека нема да слави, но потоа „полуди“

ВИДЕО: Клоп на навивачите им ја покажа камерата и им кажа дека нема да слави, но потоа „полуди“

Ливерпул синоќа пред своите навивачи со убедливи 5:0 го совлада Хадерсфилд во натпреварот од 36. коло на Премиер лигата и сега се вратија на првото место.

„Црвените“ на прво место ќе го дочекаат утрешниот натрпевар на Манчестер Сити кој има два бода помалку и ќе има прилика да се врати на лидерската позиција во Премиер лигата.


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Оваа победа беше многу важна за екипата на Јирген Клоп, а тоа најдобро го покажа прославувањето на крајот. Ниту германскиот стратег не можеше да се содржи од славење, иако даде се од себе.

Тој на навивачите им покажа дека го снима камера и дека не сака да се „посрамоти“, но потоа „полуди“ и ги воодушеви навивачите со прославата во свој стил. Поради вакви емоции многу фудбалски фанови го почитуваат Клоп.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Гвардиола го нападна Артета: Следниот пат биди појасен

Пеп Гвардиола побара од Микел Артета да престане јавно да ги изнесува навредливите и неосн…