Дома Останати Кошарка НБА ВИДЕО: Ирвинг беше најефикасен во божиќната вечер, Лејкерси со 26 разлика подобри од Вориорси

ВИДЕО: Ирвинг беше најефикасен во божиќната вечер, Лејкерси со 26 разлика подобри од Вориорси

Кошаркарите на Лејкерси славеа против Вориорси со 127:101, додека Бостон после продолженија ја победи Филаделфија со 121:114.

Лејкерси одиграа одличен натпревар и славеа, иако претходно во третата четвртина останаа без Леброн Џејмс кој се повреди.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Интересно е што најефикасни беа играчите на Вориорси. Игудала и уфрли 23 поени и Дурант 21 поени, додека кај Лејкерси Кузма постинга 19 поени, Зубац со следуваше после него со 18 поени и 11 скокови, додека Џејмс натпреварот го заврши со 17 поени, 13 скокови и пет асистенции.

Оваа средба како што споменавме Леброн ја заврши порано, односно на осум минути пред крајот на третата четвртина.

https://youtu.be/dx4iqVqSGwM

На Божиќ посебно добро играчи Кајри Ирвинг уфрли 40 поени и запиша 10 скокови. Со таков учинок тој го предводеше Бостон до победа против Сикерси. Во поразениот тим Ембид уфрли 34 поени и Батлер 24.

Адути на Бостон беа уште Морис и Татум со по 23 поени.

https://www.youtube.com/watch?v=gAF1jFmC4l4

Јута го надигра Портланд со 117:96 и тоа најмногу поради предноста од втората четвртина која стигна и до +23.

Во двата натпревари кои се одиграа нешто порано Милвоки славеше против Њујорк Никси со 109:95, додека Хјустон славеше во натпреварот со Оклахома 113:109.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Белгија никако не може да го пробие бункерот на Македонија (Видео)

Македонската репрезентација во Гент против моќната Белгија ја игра натпреварот со изразено…