Навивачите на Лос Анџелес Лејкерси стравуваат поради повредата на Леброн Џејмс кој натпреварот против Голден Стејт го заврши на осум минути пред крајот на третата четвртина.
Леброн после тоа тоа не се враќаше на паркетот, а се повреди при еден продор.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Ова беше прв натпревар за Леброн во дресот на Лејкерси против Вориорси.
Иначе тој врза 116 натпревари што му е втора најдолга низа без повреда или пропуштање натпревар поради друга причина. Претходно, врза 117 натпревари од феврари 2005 година до април 2006.
Вчера и покрај повредата на Леброн, Лејкерси славеа против Голден Стејт со 101:127.
Џејмс за времето поминато на паркетот уфрли 17 поени, додаде пет асистенции и запиша 13 скока.
LeBron left the game early with a left groin injury and told Lakers trainers that he "felt a pop." ? pic.twitter.com/1tH9n8Of9l
— Sports ON Tap (@SONTHighlights) December 26, 2018
LeBron James: 'I felt it pop'
He went back to the locker room with an apparent groin injury pic.twitter.com/hrBu1PwbiP
— Def Pen Hoops (@DefPenHoops) December 26, 2018