Дома Фудбал Италија Видео: Интер сигурен во Сардинија, Несторовски поразен дома

Видео: Интер сигурен во Сардинија, Несторовски поразен дома

Интер запиша уште една победа на незгодното гостување во Каљари, Удинезе загуби дома, Џенова со голема победа.

Лаутаро Мартинез погоди за водство на Интер во 25-та минута, но Жоао Педро го израмни резултатот на почетокот на второто полувреме.


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Победата на Интер му ја обезбеди Ромелу Лукаку до пенал во 72-та минута.

Удинезе на Несторовски доживеа вистински дебакл на домашен терен иако поведе со 1:0 со голот на Лазања. Потоа следуваше вистинска доминација на Парма која до крајот постигна три гола преку Жервињо, Рикардо Гаилјоло и Роберто Инглезе.

Џенова ја совлада Фиорентина со 2-1, а Горан Пандев влезе во игра во самиот финиш на мечот.

Аталанта и Торино одиграа спектакуалрен меч кој заврши со резилтат 2:3, додека Сасуоло ја декласираше Сампдорија со 4:1.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Палмер прави чуда, четири гола за 20 минути

Челзи и Брајтон играат фантастичен меч и во првото полувреме беа видени дури 6 погодици (4…