Главна тема во спортските медиуми и понатаму е досудениот пенал кој Кристиано Роналдо го претвори во погодок и го одведе Реал Мадрид во полуфиналето од Лигата на шампионите.
Фудбалскиот свет е поделен околу одлуката на судијата Мајкл Оливер. Секако шпанските медиуми кои се наклонети кон Реал објавуваа дека пеналот е „чист како солза“, додека Италијанците овој натпревар го обележија како „кражба на векот“.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Два дена после натпреварот на интернет се појави снимка на која може да се види како играчите на Јувентус, поточно Киелини, Лихштајнер и Шчесни со копачките ја уништуваат белата точка, пред Роналдо да го изведе пеналот.
Тоа беше забележано од Васкез и Асенсио кои веднаш пријавија кај главниот судија.