Дома Фудбал Видео: За Реал има 300, за Ла Лига и УЕФА 299 – ова е спорниот погодок на Роналдо

Видео: За Реал има 300, за Ла Лига и УЕФА 299 – ова е спорниот погодок на Роналдо

Кристиано Роналдо денес постигна два погодоци во натпреварот против Алавеш во кој неговиот тим запиша победа од 4:0.

Реал Мадрид веднаш испрати честики до својот фудбалер за бројката од 300 погодоци во шпанската примера.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Сепак од Ла Лига не се огласија со никаква честитка, за нив Роналдо има 299 погодоци. Исто така и според УЕФА, на Роналдо му недостасува еден погодок за 300 голови во најсилното шпанско првенство.

Ваквите несогласувања со бројките на Реал Мадрид, УЕФА и Ла Лига е поради еден погодок од сезоната 2010/2011. Оваа сезона Роналдо во натпреварот против Реал Сосиедад постигна еден спорен погодок.

Португалецот постигна гол од слободен удар, но топката на патот до мрежата го погоди Пепе. Во прв момент голот беше препишан на Кристиано, но подоцна Ла Лига го препиша на неговиот сонародник, додека од Реал останаа на ставот дека тој гол е дело на Роналдо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Македонија против Ирска без идеја и без голови

Фудбалската репрезентација на Македонија одигра нерешено, без голови, против Република Ирс…