Дома Фудбал Останато Видео: Жоао Феликс почна да блеска во дресот на Атлетико

Видео: Жоао Феликс почна да блеска во дресот на Атлетико

Атлетико Мадрид ги совлада МЛС ѕвездите со 3:0 во пријателски меч одигран во САД синоќа.

Во првото полувреме резултатот го отвори Маркос Љоренте, кој го постигна првиот гол во дресот на Атлетико Мадрид.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Во второто полувреме во игра влезе најскапото засилување на „јорганџиите“ Жоао Феликс кој веднаш блесна. Португалецот најпрво зголеми на 2:0, а потоа му асистираше на Диего Коста за конечните 3:0.

Нападот на МЛС тимот беше импресивен – Златан Ибрахимовиќ, Карлос Вела и Луис Нани, позади нив играше и Вејн Руни, но не успеаа да постигнат гол.
https://youtu.be/Blu4Mi35BwI

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Милан веќе го донесе првото засилување за следната сезона!

Милан сè уште е во трката за Скудетото иако градскиот ривал Интер прилично одминува. Росон…