Дома Фудбал Англија ВИДЕО: Еве зошто Гвардиола е еден од најдобрите тренери во светот

ВИДЕО: Еве зошто Гвардиола е еден од најдобрите тренери во светот

Шпанскиот фудбалски стратег Пеп Гвардиола се смета за тренер кој најдобро се разбира во фудбалската игра.

Гвардиола како фудбалер играше во средниот ред, а како тренер потврди дека таквите играчи најдобро се разбираат во фудбалот. Шпанецот оваа сезона одлично го води Сити. „Граѓаните“ се уште не знаат за пораз, иако веќе е крајот на ноември, единствена екипа која успеа да извлече еден бод против нив оваа сезона е Евертон.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


Еден од играчите кои имаa одлична сезона е Рахим Стерлинг. Тој до сега одигра 17 натпревари во сите натпреварувања и постигна дури 11 гола со три аситенции, а најзаслужен за тоа е Гвардиола.

На интернет се појави видео од тренингот на Сити на коe се гледа како Гвардиола му објаснува на Стелинг како да се движи после додавањето на топката, а тој тоа го примени на натпреварот против Феенорд кој го извлече својот тим и му донесе победа две минути пред крајот на натпреварот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Реал Мадрид добива големо засилување за мечот против Севиља

Кога Едуардо Камавинга го напушти теренот повреден против Атлетик Билбао претходно овој ме…