Дома Фудбал Репрезентации Видео: Дебелкото кој е ХИТ – има 32 години и „пивски“ стомак, но тоа не му пречеше да дебитира за својата репрезентација!

Видео: Дебелкото кој е ХИТ – има 32 години и „пивски“ стомак, но тоа не му пречеше да дебитира за својата репрезентација!

Буцкастиот 32 годишник Еран Леви дебитираше за репрезентацијата на Израел во поразот на неговата репрезентација од Романија со 2:1 и со својата харизма и килажа го привлече вниманието на светските медиуми.

Играчот на Макаби Нетанја беше репрезентативец во младинските категории, но за деби во сениорската категорија мораше долго да чека.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Факт е дека стана вистински хит, не поради својот настап за Израел кој не беше спектакуларен, туку поради својата појава.

Дебелкото со барем дваесетина килограми вишок не покажуваше знаци на замор, а посебно интересен беше деталот кога скокна во прегратка на својот соиграч, после постигнатиот гол.

Хамед успеа да го издржа својот крупен колега Леви, а овој интересен момент можете да го погледнете на 2.52 во видеото со најинтересните моменти од овој натпревар.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Роналдо ќе го сонува: Обамејанг го сруши Наср во 87. минута (Видео)

Екипата на Квадија направи мало изненадување во дуелот од 28. коло на лигата на Саудиска А…