Дома Останати Кошарка Видео: Голден Стејт без пораз во финале!

Видео: Голден Стејт без пораз во финале!

Кошаркарите на Голден Стејт Вориорс на доминантен начин, без ниту еден пораз, изборија пласман во големото финале во НБА лигата.

Вориорс, трите серии на Западот (Портланд, Јута, Сан Антонио) ги добија со максимален резултат и со 12 победи без пораз се пласираа во големото финале.

Воздухот што нè убива: Зошто Скопје е меѓу најзагадените градови?


Четвртиот натпревар во Сан Антонио не донесе никаква неизвесност. Вориорс рутински во првиот дел одржуваа двоцифрена предност, а мечот го решија во третата четвртина кога со серија од десет поени се оддалечија од противникот на 22 поени.

Сан Антонио без првата ѕвезда, Кавај Ленард, кој на првиот меч од оваа серија ја обнови повредата на скочниот зглоб, едноставно немаше решение за ѕвездите на Голден Стејт.

Стеф Кари со 36 поени, односно Кевин Дурент со 29 поени и 12 скокови го предводеа Голден Стејт. На спортивната страна се истакна Кајл Андерсон со 20 поени, а ветеранот Ману Џинобили постигна 15 поени.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Партизан за малку не го постави најлошиот рекорд во клупската историја

Кошаркарите на Партизан вечерва беа поразени во Каунас од екипата на Жалгирис со резултат …