Дома Фудбал Италија Видео: Безидејно, срамно, очајно – што ли си мислеа играчите на Челзи во 74 минута од натпреварот!?

Видео: Безидејно, срамно, очајно – што ли си мислеа играчите на Челзи во 74 минута од натпреварот!?

Безидејно и неспособно – така изгледаше Челзи во вчерашниот натпревар на „Итихад“ во кој домаќинот славеше со 1:0.

Не е срамно да се изгуби од Сити, посебно не од овој кој го води Пеп Гвардиола, а впрочем резултатот 1:0 не е болен како на пример 3:0 (Арсенал со овој резултат изгуби два пати во само неколку денови). Значи, до некаде може да се разбере постапката на Антонио Конте кој и самиот кажа дека не е луд за да го нападне Сити и така да изгуби со пет разлика.

Goblin Games - Индустријата за Board Games е во огромен подем! ↓↓↓


Еден Азар јавно ја критикуваше формацијата на Италијанецот, истакнувајќи дека не било можно со таква игра нешто да направат.

Колку Челзи изгледаше безидејно и немоќно, најдобро покажува моментот од 73 минута. Играчите на Сити си додаваа на средина од теренот, а ниту еден фудбалер на Челзи не ни помислуваше да нападне, како да е 5:0, а не 1:0.

Сеск Фабрегас и Вилијан стојат, Бразилецот уште не што и зборува со судијата нешто што тешко може да се види во Премиер лигата, посебно не од актуелниот шампиони. Како да заборавиле нешто дома во Лондон? Ниту еден ривал не е толку добар да се откажете во 74 минута при резултат 0:1.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Бруно на раскрсница, доби понуда која не се одбива

Ден по поразот на „ѓаволите“ во Билбао, главните медиуми на Островот го засилија шпекулаци…