Дома Фудбал Лига на шампиони Видео: Атлетико се спаси, Реал се загуби во Париз, Динамо е хит на вечерта

Видео: Атлетико се спаси, Реал се загуби во Париз, Динамо е хит на вечерта

Вечерва беше комплетирано првото коло во Лигата на шампиони. Возбудливи натпревари, многу голови и изненадувања.

Дербито на вечерта се играше во Париз, каде ПСЖ комплетно го надигра Реал Мадрид и славеше со 3:0. Херој на „светците“ беше Анхел ди Марија, кој во 14-та минута го матираше Куртоа, а потоа во 33-та минута ја зголеми предноста.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Само три минути подоцна Герет Бејл го намали водството на домаќините, но судијата Тејлор после консултација на ВАР го поништи голот и ја прекина радоста на „кралевите“.

Во второто полувреме повторно ПСЖ беше тимот кој создаде повеќе шанси, а печат на победата стави Муние во последната минута.

На дербито во Мадрид, Атлетико се спаси од пораз против Јувентус во последните минути од мечот. Во првото полувреме мрежите мируваа, а на самиот старт на вториот дел Квадрдо ги доведе „бјанконерите“ во водство.

Матуиди зголеми на 2:0, но Атлетико успеа да се врати. Најпрво намали преку Савиќ, а во 90-та минута Херера израмни на 2:2.

Динамо Загреб игра натпревар за историја во Лигата на шампиони против Аталанта победувајќи со 4:0.

Хрватскиот тим одлично го отвори мечот и поведе уште во 10-та минута преку Леовац. Домаќините тука не застанаја и продолжија да доминираат на теренот, па следеа два гола на Орсиќ во 31-та и 42-та минута за водство од 3:0.

Орсиќ феноменалната партија ја заокружи со хет-трик и во второто полувреме ги постави конечните 4:0.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Милан носи засилување од Ливерпул

Милан добро ја отвори сезоната, но тренерот Алегри сака додатно да го засили тимот во зимс…