Дома Фудбал Видал: Да имам проблем со тренерот лично би го решил

Видал: Да имам проблем со тренерот лично би го решил

Чилеанскиот фудбалер Артуро Видал се најде во центарот на вниманието поради своите објави на Инстаграм кои според многумина се резултат на незадоволството во Барселона.

Чилеанецот повторно придизвика реакции со последната објава на социјалните мрежи, но брзо реагираше и ја избриша контроверзната објава.

Според многумина, таа порака била за Ернесто Валверде. Меѓутоа, играчот на каталоснкиот клуб подоцна порача дека тоа не се објави на сметка на тренерот и клубот туку за неговиот приватен живот.

„Понекогаш имам приватни проблеми како и сите други. Ако имав проблем со тренерот тоа лично ќе го решам. Вистина е дека бев лут што не играв во овие натпревари, но продолжувам да се борам и да ја чекам својата шанса. Сите останати приказни околу таа објава немаат врска со ситуацијата во клубот.“ – изјави Видал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ако Манчестер Сити биде исклучен, се знае каде оди Норвежанецот!

Приказната за Ерлинг Халанд и Барселона доби нова димензија, барем според информациите кои…