Дома Фудбал Германија Веќе е на пат за Германија: Уште еден македонски фудбалер ќе игра во Бундеслигата!

Веќе е на пат за Германија: Уште еден македонски фудбалер ќе игра во Бундеслигата!

Според информациите на хрватскиот „24сата“, македонскиот фудбалер Агон Елези кој го носи дресот на хрватски Вараждин би можел да се пресели во Германија во тимот на Бохум.

Подолго време Елези е на излезни врати од Вараждин, а претходно бил блиску до трансфер во Клагенфурт од Австрија, но таа опција пропаднала.

Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓


Сега се тврди дека 22-годишниот македонски фудбалер се договорил со клубот кој во овој момент е на 14-тото место во Бундеслигата.

Хрватскиот медиум тврди дека Елези веќе е на пат за Германија каде што треба да ги помине лекарсаките прегледи и да го заврши трансферот.

Ќе потсетиме, во зимскиот преоден рок трансфер во Бундеслигата направи Елиф Елмас кој од Наполи се пресели во Лајпциг.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…