Дома Фудбал Англија Вејн Руни доби отказ

Вејн Руни доби отказ

Легендата на Манчестер Јунајтед и поранешен англиски репрезентативец, Вејн Руни повеќе не е тренер на екипата на Бирмингем која се натпреварува во Чемпионшип.

Управата на овој тим официјално потврди дека Руни добил отказ поради лошите резултати. Ваквиот расплет беше и очекуван бидејќи кога Руни седна на клупата тимот беше петти со амбиции за промоција во Премиер лигата, но сега е дури на 20-тата позиција.

Екранизација, задоцнет развој, аутизам, инклузија – што треба да знаат родителите


„За жал работата со Руни не одеше според планот и одлучивме да одиме во друга насока“, стои во клупското соопштение.

Кариерата како тренер Руни ја започна во 2020 година како тренер на Дерби каде што се задржа две години, потоа во САД го водеше Ди-Си Јунајтед.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Изгледаше дека никој нема да може да го сруши рекордот на Роналдо, но сега се појави – Мбапе!

Во 2013 година Кристијано Роналдо постигна неверојатни 59 гола за Реал Мадрид. Ова е рекор…