Дома Трансфер зона Ветеранот Асмир Беговиќ во изненадувачки трансфер се враќа во Премиер лигата?

Ветеранот Асмир Беговиќ во изненадувачки трансфер се враќа во Премиер лигата?

Голманот на Босна и Херцеговина Асмир Беговиќ се најде на листата на желби на екипата на Њукасл, па така изненадувачки би можел да се врати во Премиер лигата.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


На 36-годишниот голман летово му истекува договорот со Квинс Парк Ренџерс и моментално е во потрага по клуб каде ќе може да ја продолжи кариерата.

За неговите услуги беше заинтересиран шкотскиот Селтик, а сега во игра се вклучи и Њукасл, чиј менаџер Еди Хау многу добро го познава.

„Страчките“ бараат нов голман бидејќи Лорис Кариус ќе го напушти „Сент Џејмс Парк“, а неизвесна е и иднината на Мартин Дубравко.

Покрај Беговиќ, Њукасл е заинтересиран и за Џејмс Трафорд од Барнли.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Барселона го купува промашувањето на Арсенал

Кога Јакуб Кивијор се пресели од Специја во Арсенал за 19 милиони евра во јануари 2023 год…